За нас

 

РАЗВОЈ И КРАТКА ИСТОРИЈА

Компанијата ја основа доктор Ненад Новакович, еден од пионирите на графичката индустрија во некогашната Југославија. Во 1961 година во Љубљана ги завршува студиите по хемија и веќе на почетокот на својата кариера станува директор на повеќе гранки на хемиската индустрија. Во периодот од 1965 до 1980 година во рамките на Фабриката за цинк Цеље, основа фабрика, каде што ја развива сопствената технологија за производство на офсетни плочи и лиценцирано производство на бои за печатење. Во 1980 година ја напушта фабриката за цинк во Цеље. Во 1985 година на Техничкиот универзитет во Виена, на факултетот за хемиски науки ја одбранува следнава дисертација: Определување на квалитативни степени на офсетни плочи, произведени со различни постапки со up-to-date методите за мерење. Истата година се вработува во хемиската фабрика Hauseleiter & Co. во Минхен, производител на хемикалии за печатарската индустрија. Во 1990 година во Истра, Хрватска близу Пореч, ја основа сопствената компанија »Др. Новакович«, чија примарна дејност е продажба на бои за печатење BASF, офсетни плочи и графички материјали. Во идниот период (1991 и 2006 година) основани се уште две компании Графо Лит д.о.о. Словенија и Графолит С д.о.о. Србија.

КОМПАНИЈАТА ДЕНЕС

Централната компанија денес е лоцирана во Жалец/Врбје, 12 км од Цеље, меѓу градот Марибор и престолнината Љубљана, што и’ обезбедува идеална логистичка положба за продажба на графички материјали во трите најголеми словенечки региони. Словенечкото пристаниште Копер е оддалечено од компанијата само 180 км. Во Хрватска компанијата е лоцирана во Загреб. Во Србија е лоцирана во Белград. Канцеларијата во Будимпешта е оперативен центар за Словачка и Унгарија. Од 2015 год. се отворени канцеларии во Прага и Виена. Графо лит д.о.о. е деловен и производствен комплекс со два магацински простори од околу 5000 м2 и со доволно место за изградба на дополнителни магацини од 5000 м2, кои се во иден план за развојот на компанијата. Компанијата има многу добри деловни односи со голем број на купувачи пред се на територијата на некогашната Југославија, како и во Италија, Унгарија, Чешка, Словачка, Албанија и Грција. Истата е еден од водечките добавувачи на хартија, картони и графички материјали во Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и пошироко. Во 2014 година сите партнерски компании ќе достигнат околу 45.000 тони продажба на различни производи, пред се’ графички хартии и картони.

»If there is no way, we'll make one«

(Hanibal before crossing Alps)
Copyrights © 2015
madeBy: myTeam